Главниот детектив кој работи на случајот со параолимпиецот Оскар Писториус, може да биде обвинет за убиство поради отворање оган на минибус во кој се наоѓале седум лица.Портпаролот Невил Малила изјави дека детективот Хилтом Боха, кој сведочеше на рочиштето во случајот Писториус, треба да се појави на суд во мај.Според пишувањето на јужноафриканските медиуми, Бота е обвинет дека во 2011 година, заедно со двајца други полицајци пукале на минибус кој не ја послушал наредбата да застане.Обвинението против него е привремено повлечено, но во среда е повторно обновено, изјави Малила без да наведе други детали.Во накрсното испитување на рочиштето на кое е сослушан познатиот параолимпиец поради утврдување на евентуална кауција, Бота е обвинет дека го нарушил местото на несреќата во домот на Писториус.Главниот адвокат на одбраната, Бери Ру, ја обвини полицијата за пропуст и грешки за време на истрагата. Рочиштето за утврдување на евентуална кауција за Писториус ќе продолжи денеска.Писториус е обвинет за убиство на неговата девојка, на 14 февруари, а тој се изјасни како невин, затоа што мислел дека таа е крадец, па пукал за да се одбрани.
МакфаксГлавниот детектив кој работи на случајот со параолимпиецот Оскар Писториус, може да биде обвинет за убиство пора