Главните патишта на северот на Косово и натаму блокирани

Главните патишта на северот на Косово се уште се блокирани, а ниту пеш не може да се поминат административните премини Јариње и Брњак, пренесе Бета.


Како што јави РТС, Србите кои протестираат поради апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција Дејан Пантиќ се уште се на барикадите, а северот на Косово исто така е блокиран од полицијата.

Пантиќ беше уапсен неколку дена претходно, а косовската полиција го сомничи за „терористички напад врз просториите на Централната изборна комисија (ЦИК)“ и косовската полиција пред одржувањето на изборите во четири општини на северот на Косово, а во понеделникот притворот му е продолжен на 30 дена.
Српскиот претседател најави дека Владата на Србија в четврток ќе испрати официјално барање до Меѓународната мировна мисија на Косово (КФОР) за враќање на до 1.000 српски полицајци и војници на Косово, во согласност со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.

Главните патишта на северот на Косово и натаму блокирани

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, ги одложи изборите во четири општини на северот на Косово за 23 април.
Шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ ги повикаа двете страни во понеделник да се воздржат од какво било насилство или провокативни дејства, а претставникот на Унијата Мирослав Лајчак в среда ќе пристигне во Белград и Приштина со ажуриран мировен план, изјави високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.