Мирно и без проблеми помина гласањето во најголемиот затвор во земјава, „Идризово“. Гласачките кутии беа отворени точно во 7 часот, а се гласаше за претседател и за нов парламентарен состав. Во овој затвор кој припаѓа на општинската изборна комисија Гази Баба, беа запишани 887 избирачи.
Во затворот „Идризово“ беше меѓународна набљудувачка мисија за изборите. Од Советот на Европа задоволни како се одвива процесот.
Избирачките ливчиња затворени во плик со име на општината од која доаѓа затвореникот, по отворање на гласачката кутија се предаваат на општинските изборни комисии.
А, затворениците кои денеска гласаа, секој со својата мака. Некому му остануваат уште некој месец, некому години до издржувањето на казната затвор. Ама и за едните и за другите, денот поминат таму е година.
И во затворот во Шуто Оризари гласањето се одвиваше без проблем.
Инаку, во 14 избирачки места во казнено-поправните установи за претседател со право на глас беа 2.147 избирачи, додека за парламентарниот состав во Избирачкиот список се запишани 2.140.