Џереми Корбин, Лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, побара да се гласа за недоверба на премиерката Тереза Меј. Поднесувањето на такво барање од страна на Корбин доаѓа откако премиерката Меј најави дека Парламентот нема да гласа за договорот со ЕУ до средината на јануари, што е за еден месец подоцна од првично планираниот термин. Пред една седмица премиерката Тереза Меј во последен момент ја одложи седницата на која требаше да се одржи гласањето. Тоа го направи затоа што веќе беше јасно дека пратениците ќе го одбијат договорот.