Глобалното затоплување ќе го зголеми бројот на разорни урагани

Бројот на силни атлански бури, слични на ураганот Катрина, кој пред осум години го уништи јужното американско крајбрежје, би можел значително да се зголеми во овој век, објавија во понеделник еколозите.

Научниците долго го проучувале односот меѓу потоплите површини на морињата и бавните циклони над Атлантикот, но новото истражување се обидува да процени колку најразорни урагани може да создаде порастот на глобалните температури.
Екстремните бури многу често се чувствителни на температурните осцилации и бројот на урагани како Катрина би можел да се удвои заради порастот на глобалните температури во 20 век, информираа научниците во списанието Proceedeings of the National Academy of Sciences.
Доколку температурите продолжат да растат и во 21 век, како што предвидуваат многу климатолози, бројот на урагани како Катрина би можел најмалку да се удвои со секој Целзиусов степен на пораст на глобалните температури, велат научниците.
Секретаријатот на ОН за климатски промени изработи компјутерски симулации кои сугерираат дека глобалните температури можат да нараснат меѓу два и шест степени до крајот на векот.
Бројот на силни атлански бури, слични на ураганот Катрина, кој пред осум години го уништи јужн

Пронајдете не на следниве мрежи: