Петтата недела од Велигденскиот пост, која во календарот се нарекува Глува недела, името го добила по тоа што во голема мера е поминат постот и следи време на молчење, покајание, односно глуво време.
Во Глувата недела црквата ги забранува сите веселби, забави, песни.
Не се заминува на пат, не се работат големи работи.
За оние кои имаат стока- не се носи на пасење.