Откако предизвикаа збунетост со интервјуто дадено од Опра Винфри, Хари и Меган Маркл повторно се најдоа под лупа поради сомневање дека Маркл подготвува терен за градење политичка кариера на лаги.
Меган неодамна испрати писмо до портпаролката на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси и членот на Сенатот, Чак Самер, во кое со 1.030 зборови го опишува своето тешко детство. Во писмото се наведува дека пораснала на салата чија цена била пет долари и дека нејзиното семејство минува низ тешки времиња. Причината била нејзината желба да воведе платено отсуство за родителите.
Она што на многумина им пречеше беше деталот за животот на салата и тешкото детство. Зашто, Меган посетувала угледно приватно училиште во Холивуд, кое нејзиниот татко го плаќал по 16 илјади долари месечно. Покрај тоа, нејзиниот татко освоил 750.000 долари на лотарија кога Меган имала девет години.
Покрај тоа, таа често нагласувала дека е дете на разведени родители, но Меган не зборува дека мајка и и татко и биле во одлични односи и покрај разводот.
Кралевскиот коментатор и поранешниот уредник на „Who&who“, Ричард Фицвилијамс, и самиот ја коментираше сликата која Меган сака да ја пренесе на јавноста.
– Приказната дека јадела салата од пет долари и дека нејзиното семејство минува низ тешкотии е обид да се поврзе со семејства кои едвај ги плаќаат сметките. Луѓето кои сакаат да добијат фотелја користат вакви примери, па ќе видиме како ќе биде, бидејќи нејзиниот татко бил еден од најдобрите холивудски режисери за осветлување. Нејзиното семејство беше отуѓено како и таа сега од кралското семејство. Проблемот на кој таа се фокусираше е доста важен, но многумина ќе го препознаат нејзиното немилосрдно однесување, а тоа е нешто на што мора да поработи ако сака да излезе на гласање, пишува „Дејли мејл“.