Глупо е да очекуваме вакцина сега, ќе ги почувствуваме вистинските последици од коронавирусот во зима

Водечкиот здравствен експерт од Англија смета дека ефикасна и безбедна вакцина против коронавирусот нема да се создаде пред зимата 2021 година, пишува Скај њуз. 

Професорот Крис Вити изјави дека ќе ги видиме „вистинските проблеми“ на „Ковид-19“ во зима и дека целиот свет, треба да престане да претпоставува дека вакцината ќе биде достапна наскоро. 

Наместо тоа, тој изјави дека постои разумна шанса вакцината да биде достапна до зимата 2021/22 година. 

– Јас сигурно би бил воодушевен, доколку биде готова порано одколку подоцна, но би се изненадил ако имаме ефективна вакцина подготвена за масовна употреба пред крајот на оваа зима – рече професорот Вити и додаде:

– Ако погледнеме подетално во 2021 година, мислам дека шансата е многу пореална од онаа за шест месеци – смета Вити.

Тој додаде дека верува во способноста на науката да нè „извлече од оваа дупка“, но исто така заклучил дека не смееме да веруваме дека оваа способност ќе се случи за неколку недели или месеци.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.