Глутница кучиња нападна жена во Тетово, двајца мажи едвај ја спасија (видео)

Вознемирувачко видео се појави на социјалните мрежи на кое може да се види како глутница кучиња скитници напаѓаат жена во Тетово, објави ТВ21.

Глутница кучиња нападна жена во Тетово, двајца мажи едвај ја спасија

Според снимката, десетина кучиња во еден момент се стрчаа кон беспомошната жена, која целата исплашена започна панично да бега, а притоа падна на земјата и почна да повикува за помош.

Како што може да се забележи на видеото двајца мажи веднаш притрчаа да и помогнат на жената околу која беа насобрани неколку кучиња, но тие успеаа да ги избркаат. Сѐ уште нема информации дали жената заработила некои повреди од овој напад.

Проблемот со кучињата скитници во Тетово е веќе присутен со години наназад, а властите никако да најдат решение за овој проблем.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.