Разјарен 33-годишен Кипранец убил еден и ранил уште тројца луѓе, соопшти во саботата кипарската полиција.Мажот вооружен со автоматска пушка „G3“ од германски производство, отишол во домот на неговите соседи, со кој имал имотоправни недоразбирања. Таму смртно застрелал 55-годишни мажи и тешко го ранил неговиот 28-годишен син.По пукањето, од засега непознати мотиви, мажот заминал во блискиот супермаркет, каде што сериозно ранил уште две лица. Еден од купувачите во супермаркетот од преживеаниот шок и страв од пукотниците бил хоспитализиран поради срцев удар.Напаѓачот избегал во непознат правец, полицијата организирала потера по него, пишуваат локалните медиуми.
Макфакс Разјарен 33-годишен Кипранец убил еден и ранил уште тројца луѓе, соопшти во саботата кипарската полиција.