Говор на Фихте по повод пристапување на слободноѕидарска ложа во Рудолштад, 1794 година

Ексклузивен превод на Македонски јазик, отстапен на ПУЛС24 од страна на д-р Филип Петровски на објавување. Текстот досега не е објавен нити преведен во нашата држава. А е мошне поучен и потентен за заинтересираната јавност од оваа област.

Говор на Фихте по повод пристапување на слободноѕидарска ложа во Рудолштад, 1794 година

(Не да ве подучувам…)

Не да ве подучувам, туку да Ви дадам можност вие мене да ме подучите, да Ви ја отворам својата срцевина и пред Вас да не задржам во тајност ни една своја мисла која не би ви ја предал на одобрување или поправање, Ви ги изнесувам сопствените мислења за целта на нашето чесно здружување. Целта на секој човек не лежи на ниедно друго место, туку во самиот човек. Ништо надвор од него неможе да се внесе во неговата внатрешност било што, а тој веќе да не го содржел семето на истото. 

Сите луѓе се еднакви меѓусебе кога се во прашање нивните духовни можности, она што го има во еден го има во сите, она што еден може да го развие од себе, тоа можат да го развијат сите.

Одтука постои една единствена општа цел на човекот воопшто, до која, внатре или надвор од ложата, во сите религии, установи и устави, во сите делови на небото и во сите времиња, морале да дојдат тие кои што се запознале себе и кои ги развиле можностите на својата природа до нејзината последна основа. Јас верувам дека таа единствена општа целисходност можам да ја определам на следниов начин.

Конечната, но недостижна цел на човекот е совршенството, но негова достижна цел е постојаното усовршување: – негова потполно недостижна цел е потполна слобода од слепата природна сила во него, во неговите страсти, и надвор од него, односно во влијанието на работите врз него. Но, негова достижна цел е НЕПРЕКИНАТОТО ОСЛОБОДУВАЊЕ. 

Не мора нужно секој поединец за себе да си ја постави како цел целта за и на човештвото во целост, тоа зависи од неговото духовно и општествено образование. Но, за да си поставиме ваква цел, тоа веќе спаѓа во ред на најголема духовна и општествена наобразба… Секоја пак допуштена сврха/цел, која на себе може да си ја постави било кој човек, мора нужно да биде усогласена, во линија со конечната цел, највисоката сврха, во спротивно ке биде тоа некоја цел која е казнива, вредна да биде отфрлена. 

Така, било кој сојуз, каков што е овој наш, кој прибира чесни луѓе, кој одсекогаш таквите ги прибирал/собирал, не може да има никаква казнива сврха/цел, значи неговата цел се наоѓа на патот кон онаа највисоката цел. Таквиот сојуз (нашиот) не смее својата цел да ја постави пониско од целта која би си ја поставил чесен човек кој стои потполно сам, истовремено таа цел и неможе да се постави на нешто повозвишено. Ова е јасно само по себе, затоа што она што не лежи во човекот/поединецот, неможе да биде ниту во ложата. Одтаму нужно е конечната цел на нашиот ред/ложа да биде усовршување на целокупниот човечки род. Тоа треба и мора да биде конечната цел/сврсисходност и ниеден вистински и искрен ѕидар не може и не смее да бара во ложата некаква друга крајна цел/сврха.

Ако нашиот ред неможе да понуда друга цел/сврха која не би можеле да ја најдеме и надвор од него, а која нужно мораме да си ја поставиме, тогаш за што е – би можел некој да се праша – потребен еден ваков ред, зошто се потребни било какви тајни сојузи за достигнување на она што е општа и позната цел на човештвото? Кога само би сакале да го одфрлиме ваквото прашање, тогаш јас би одговорил: Тајните организации веќе постојат и постоеле се до каде допира човечката историја – што е сигурен доказ дека во луѓето постои инстинкт/афинитет кон таквите здружувања. Се додека постојат такви здруженија, секој нормален човек, кој има ум, срце и желба за тоа, должен е да учествува во таквите здруженија и тоа не само за да ги направи нештетни, туку и за да ги насочи кон вистинската конечна цел/сврха.

Јас сепак несакам само да го отфрлам тоа прашање, туку сакам и да одговорам на него. Ќе кажам во однос на него уште повеќе. Велам: Кога и не би постоеле вакви сојузи, секој нормален човек мора да проба да ги изгради. Зло по светот има повеќе од доброто. Силата на добриот човек-поединец е малечка и полесно може да се победи. Но, ако повеќе луѓе ги здружат своите сили и ако според заеднички план се насочат кон заедничка цел, тогаш за оние лошите од тоа произлегува страотна сила. – Значи, доколку ложата/организацијата сама од себе неможе да објави цел/сврха, тогаш таа може и мора да даде средства за истата да се пронајде. Таа со право треба да смета на силата на секој правичен човек кој би и се посветил поради заедничкиот план, и секој праведен ѕидар очекува со право од организацијата да му даде достоен пример во кој ќе ја вложи својата сила. 

Ама зошто ги создавате и ширите вашите сојузи тајно, зошто се плашите од светлото на денот? – би можел да праша некој профан. 

Се плашиме ли навистина ние од светлоста? Не треба ли нашето поврзување да се појави во светот, не треба ли нашите дела да сјајат на светлото на денот?

Ние го сееме зрното на житото, земјата го покрива и тоа исчезнува од очите на смтрниците. Од гробот на зрното никнува младо стебло, на кое зреат хранливи зрна. Знај дека стеблото се развило од она зрно што е сокриено во темнината, знај дека оној за тебе невидлив корен на стеблото со илјадници му пренесува сила и храна, на кое што ти му се восхитуваш, и на зрната кое го одржуваат твојот живот.

Внимавај да не посакаш нескромно да го соголиш коренот, бидејки нему му е подносливо само да е во темнината и во ладната земја. Сонцето би го свиткало, воздухот би го исушил. Го сакаш ли стеблото, чувај го коренот!

Нашите дела нека, мои браќа, дозреваат на сончевата светлина, нека се обликуваат тука, за да се изнесуваат таму.

Ние еднашка, дали од тука, или од онаа страна на гробот, ќе ги видиме со уште поголема светлина. Блазе си ни ако од нашата лушпа изникне множество кое ќе ја поднесува сончевата жега. Во таа надеж вие мене денеска ме инициравте. Примете поради тоа од мене најпотполна и најпонизна благодарност. Примете во вашето братско сеќавање се додека повторно еднаш се сретнеме.

Превод на Македонски: Филип Петровски, 2008 година

Јохан Готлиб Фихте (герм. Johann Gottlieb Fichte, 19 мај 1762 – 27 јануари 1814) — германски идеалистички филозоф. Еднa од основачките фигури на филозофско движење познато како германски идеализам, кое се создало од теоретските и етичкитe дела на Имануел Кант. Фихте често се смета за личност чија филозофија претставува мост меѓу идеите на Кант и на идеалистот Георг Вилхелм Фридрих Хегел. Од неодамна филозофите и научниците почнаа да го ценат Фихте како важен филозоф и неговото гледиште кое се должи на неговата оригинална проникливост во природата на сознанието или самосвест. Како Декарт и Кант пред него, тој бил мотивиран од проблемот на субјективноста и сознанието. Фихте исто така пишувал политичка филозофија и се смета за еден од татковците на германскиот национализам.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.