Денес од Канцеларијата на Светска банка во Скопје беше соопштено дека се очекува јавниот долг во Р. Македонија годинава да достигне до 50 проценти.
Ова е оценката на оваа меѓународна финансиска институција во редовниот економски извештај за Западен Балкан, што денеска беше презентиран во Канцеларијата во Скопје.
– Македонија забележа најголем напредок од шесте балкански земји од минатата година. До 2020 година се очекува постепен раст, меѓутоа чувствувителноста на претпоставките за нашиот изглед е забзување на процесот на пристапување во ЕУ и одржаниот момент на реформите, рече директорот на Канцеларијата на Светска банка во Македонија Марко Мантованели, додајќи дека ќе ги следат состојбите и ќе ги земат предвид при следните проекции.
На Македонија на краток рок и советуваат фокусирање врз стабилизирањето на јавниот долг, што годинава порасна на 49 проценти, што е можно доколку се спроведе одредено приспособување.
Светска банка препорачува структурна реформа фокусирана на креирање опкружување за продуктивен конкурнетен приватен сектор, а од друга страна инвестирање во човечки капитал.