Искреност, почитување и разбирање се работи кои секоја врска мора да ги има за да биде успешна. Сепак, постојат и нешта кои не се од суштинско значење за нејзиниот опстанок.
Годините – многу луѓе велат дека идеална разлика меѓу партнерите е 2-5 години, но многу бракови и врски се поусшпешни кога разликата во годините е поголема. Годините се само бројка, која во љубовта не игра голема улога.
Неговото минато – не значи дека воопшто не треба да ве интересира, но многу е поважно како тој се однесува кон вас, одколку кон неговите поранешни девојки.
Парите – љубовта неможе да се купи со пари, иако има и такви кои веруваат дека може. Сепак, тоа не е вистинска љубов и никако не се менува со топла прегратка и искрени емоции.
Кој на кого прв – му пришол, му пратил порака, го поканил на пијачка…сето тоа е небитно, ако постои љубов и привлечност помеѓу вас.
Туѓи мислења – не е битно што мисли ни вашата ни неговата околина, пријателите, родителите…се додека вие си се почитувате и сакате. На крај, тие треба да го почитуваат тоа што вие сте си се избрале меѓусебно.
Куќни работи – дали тој знае да пегла или готви? Не е битно, сето тоа може да се научи и не смее да биде пречка за вие да останете во врска.
Различни места на излегување – можете да најдете компромис, еднаш вие да излезете кај што сака тој, нареден пат тој да ве дружи на вашето омилено место. Но и да не најдете компромис, одете вие со ваше друштво, тој со негово, немора секогаш и секаде да бидете заедно. Така ќе посакате да бидете што поскоро заедно. Искреност, почитување и разбирање се работи кои секоја врска мора да ги има за да биде успешна. Сепак, постојат и нешт