Голема еко-акција за чистење на Карпош

Утре 13.04.2019. година (сабота) со почеток во 10:00 часот Општината Карпош организира голема еко-акција за чистење на Општината. Во акцијата ќе се приклучат градоначалникот, општинската администрација, граѓански организации, институции и фирми. Секој носи одговорност за здрава и чиста животна средина.
Приклучете се на некој од следниве пунктови во 10:00 часот;
хотел “Александар Палас“, кај фитнес зоната
булевар “Илинден“ (патеката што води до мостот “Газела“)
Министерство за економија (ул. “Јуриј Гагарин“ бр. 15)
бул. “Партизански одреди“ (четири собирни места)
кај автобуската постојка и пекара “Мал одмор“ (спроти “Симпо“);
пред “Симпо“
кај мостот “Обединети нации“ (кај воените кули)
спроти воените кули, кај трите бели кули
Плато на Млечен ресторан, пред “Ли“ кафе
ТЦ Лептокарија (на коцка, пред кафе бар “Ревија)
Порта Влае (на плоштад “Делфина)

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.