Во голема меѓународна операција против шверц на пијалоци, храна и потенцијално опасни медицински производи, запленети се 17.000 лажни тестови за коронавирус, соопшти денес Интерпол.
Во операцијата што ја спроведоа Интерпол и Европол во 77 земји меѓу декември 2019 и јуни 2020 година, запленети се повеќе од 12.000 тони стока во вредност од 40 милиони долари.
Операцијата демонтираше 19 криминални организации и уапси 407 лица.
Запленети се и контаминирани млечни производи, месо од незаконски убиени животни и фалсификувани медицински производи.
Во Бугарија е откриен магацин каде е присутна бактеријата Ешерихија коли, а во Јордан се запленети 6.500 литри истечен енергетски пијалок и повеќе од седум тони расипано млеко и сирење.
Во Јужна Африка, пратката од Азија, која требало да содржи медицинска заштитна опрема, всушност било пратка со морска храна, пренесува Интерпол.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.