Голема радост во семејството на Рада Манојловиќ – Таа славеше до зори

Познатата пејачка Рада Манојловиќ вчера имаше голем повод за славење, а радосната вест веднаш ја сподели со фановите.
Имено таа стана тетка, откако нејзината снаа за брат се породи и роди девојче кое ќе се вика Ања.
Нејзиниот брат, кој беше учесник во „Ѕвездите на Гранд“ приреди голема прослава за најблиските, а на забавата беа и многу колеги од естрадата кој се веселеа до раните утрински часови.
Инаку Рада и нејзиниот брат ретко се гледаат, а тој отворено неодамна откри во каков однос е со пејачката.


-Рада и јас сме дијаметрално спротивни, се гледаме еднаш во три години. Ретко се слушаме, таа е една од најпознатите пејачки на Балканот и јас ја разбирам дека е многу зафатена, вели пејачот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.