Инстаграм наскоро воведува нови опции што ќе им овозможат на корисниците значително поголема контрола врз содржината што им се прикажува.
Првиот човек на оваа социјална мрежа, Адам Мосери, претстави подобрени начини за пристап до функцијата „Вашиот алгоритам“ .
Оваа опција им дава можност на корисниците прецизно да одредат кои теми сакаат да ги гледаат почесто, а кои поретко. Иако функцијата првично беше лансирана минатата година, Инстаграм сега постепено ја интегрира во сè повеќе сегменти од самата апликација , со цел подобрување на корисничкото искуство.
– Сакаме опцијата „Вашиот алгоритам“ да прерасне од едноставна поставка во нешто што е централен дел од вашето искуство на Инстаграм. Некои од овие работи моментално се тестираат, некои ќе бидат достапни наскоро, а некои можеби воопшто нема да работат – напиша Мозери на својот Инстаграм профил.
Тој демонстрираше неколку практични примери во својата објава. Првиот покажува дека со повлекување надолу на почетната страница ќе се отвори менито „Вашиот алгоритам“ .
Друг пример открива дека лизгањето нагоре на видеата од Reels би активирало сличен прозорец за персонализација.
Третата опција носи едноставни копчиња поставени директно под секој ролер, преку кои корисниците можат веднаш да наведат дали сакаат повеќе или помалку таква содржина.
Сепак, и покрај овие технолошки иновации, најпопуларните коментари на објавата на Мосери беа преплавени со истото барање.
– Сè што сакаме е алгоритмот конечно да ни ги покаже луѓето што всушност ги следиме – напиша еден од корисниците.
The post Големи промени на Инстаграм: Доаѓа опција што ни овозможува сами да го прилагодиме алгоритмот appeared first on Во Центар.



