Големото враќање на Меланија – вакви чевли досега не носела прва дама

Доаѓа пролетта, а со неа и Меланија се враќа на голема врата во јавниот живот – на првaта турнеја низ Америка го претстави пролетниот тренд и ги изненади модните сладокусци. Потполно во склад со пролетните трендови модната комбинација на Меланија повторно ќе биде инспирација за многу жени: жолта ролка, виолетовосин капут и…овие салонки.
Елегантниот капут со спротски детали налик на војнички шинел е креација на модната куќа Ботега Венета.


Жолтата волнена ролка е одличен избор за ладните утра во Вашингтон, од каде што првата дама на САД на 4 март ја започна тридневната турнеја по Америка.
Но, и покрај ниските температури првата дама на САД одлучила на аеродром да појде босонога, во салонките кои ги запоседнаа модните портали.
Меланија ѝ остана верна на модната куќа „Маноло Бланик“, но овојпат избрала црно-жолти карирани салонки.


За цената не мора да се праша – и онака е „симболична“ – малку помалку од 700 долари и трипати помалку од цената на капутот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.