Рафаел Надал доминантно се врати на теренот и во првиот меч на турнирот во Бризбејн со 2:0 во сетови (7:5, 6:1)го исчисти поранешниот победник на УС Опен, Доминик Тием.
Надал се појави во Австралија и ги фрли фановите во транс, а потоа излезе на теренот и одигра маестрален меч совладувајќи го Тием.
Во првиот сет имаше голема борба, а Надал овој период од играта го реши во своја корист со 7:5. Во вториот сет доминираше Рафа кој со 6:1 го совлада Тим и се пласираше во следната рунда каде ќе игра против подобриот од дуелот Карачев – Кублер.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.