Невреме проследено со силен дожд, грмотевици и град со големина на лешник вчера го погоди Шибеник, додека на планината Динара паѓаше снег. За пет минути во Шибеник наврна град кој ги прекри улиците како снежна прекривка.
Невремето ги изненади граѓаните на Шибеник, бидејќи беше најавен само дожд, пренесува “Индекс“.хр. За денес на Динара повторно се очекува да паѓа снег, а снеѓната покривка да надмине 20 сантиметри.