Голем број на лекари во Бугарија поднесуваат оставки КОРОНА ВИРУСОТ! Немале заштита!

Десетици лекари и медицински сестри дадоа оставки во две болници во главниот град на Бугарија Софија, откако им беше речено дека ќе треба да лекуваат пациенти со КОРОНА ВИРУС.
Медицинските работници рекоа дека не им е обезбедена заштитна опрема и опрема за да обезбедат соодветна грижа, само неколку дена откако бугарскиот парламент воведе вонредна состојба во земјата.
Д-р Камелија Бачовска од Втората градска болница во Софија, изјави за „Ал Џазира“ дека таа заедно со уште 84 други колеги поднеле оставки откако биле известени дека нивната болница ќе биде пренасочена за да земе пациенти со КОРОНА ВИРУС.

„Болницата нема доволно заштитни средства и не е само нашата болница. Останатите, исто така, немаат. Тоа е, скоро секој лекар во Бугарија е во ризик да се разболи заради ова, особено меѓу нас, постарите лекари, кои спаѓаат во категоријата високо ризични “, рече таа.
Д-р Бачовска објасни дека болницата ги нема потребните санитарни средства и опрема за да се сузбие оваа високо заразна болест. Таа, исто така, рече дека поголемиот дел од лекарите и медицинските сестри во здравствената установа се близу до возраста за пензија или веќе работат додека се пензионираат и стравуваат дека лекуваат пациенти без соодветно да се заштитат.

ПРОЧИТАЈТЕ И ОВА: 

Апелираме да се остане дома. Полицијата почна да казнува

Вонредна состојба настанува кога ќе настанат големи природни непогоди или епидемии.

ПОВЕЌЕ ЗА ВИРУСИТЕ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА!!!

Се за КОРОНА ВИРУСОТ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА

За ВАКЦИНИТЕ на пулс24 ПОВЕЌЕ ТЕКСТОВИ ТУКА!!!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.