Голем дел од Македонија во пламен: Активни 18 пожари, еве каде гори во моментов

Центарот за управување со кризи испрати детален извештај за состојбата со пожарите ширум Македонија:
Битолски регион
Пожарот кој започна на вчера во атарот на с.Норово кон с.Селце, општина Крушево е се уште активен. Гори нискостеблеста дабова шума на површина од над 100 до 150 ха. Пожарот и во текот на денот се шири зафаќајки и мешана нискостеблеста и висока дабова и букова шума. Заради ваквата состојба во утринските часови беше ангажиран хеликоптер од АРМ. Истиот е сеуште на терен и го гасне пожарот, а во пладневните часови пристигна уште еден хеликоптер од АРМ и пожарот интензивно се гасне со двата хеликоптери. Приземно интервенираат пожарникари и вработени од ЈП Македонски шуми, ШС ,,Липа,, Крушево.


На територијата на општина Крушево активен е и пожарот кај с.Јакреново кој започна во синоќешните часови каде гори нискостеблеста дабова шума во површина од 0,5 ха., со тенденција на проширување.
Нов пожар има во атар на с.Врбоец, општина Крушево. Со пожарот зафатена е дабова и букова шума. На терен е упатена екипа пожарникари и вработени од ЈП Македонски шуми ПШС,,Липа,, Крушево, месно население, како и вработени во ЕЛС Крушево.
Пожарот во с.Гостиражни, општина Долнени е се уште активен. Пожарот е префрлен од Велешка општина. Со пожарот е зафатена дабова шума. Во текот на денешниот ден во гаснењето на пожарот интервенираат од ШС Црн Бор од Прилеп.


Активен пожар има во атар на с. Полчиште м.в. Торнева нива, општина Прилеп на истиот интервенираат од ШС „Црн Бор“-Прилеп. Во моментов гори сува трева и деградирана шума.
Од вчера сеуште е активен шумски пожар помеѓу селата Мренога и Вирово, општина Демир Хисар. Со пожарот е зафатена нискостеблеста дабова шума. Во гаснењето на пожарот интервенираат вработени од ШС Бигла Демир Хисар и пожарникари од ТППЕ Демир Хисар.
Нов шумски пожар има во атар на с.Цапари на доста непристапен терен. ТППЕ Битола е на терен.
Скопски регион
Пожарот кој започнал на ден 30.03.2019 година на место викано Љуботенски Бачила над с.Љубанци, општина Бутел е се уште активен. Со пожарот е зафатена мешана шума и сува трева. Во гаснењето на пожарот во моментот интервенираат од ШС Караџица.
Пожарот кај с.Катлановска Сушица, општина Петровец е ставен под контрола. Во гаснењето на пожарот интервенира екипа од ШС Караџица.
Тетовски регион
Пожарот кој започна на ден 27.03.2019 година во атар на с.Луковица и с.Седларево, општина Желино е ставен под контрола. Гори нискостеблеста шума и сува трева. Во гаснењето на пожарот интервенираат од ШС Лешница од Тетово.
Започнат е нов пожар во атар на с.Долно Јаловце. Со пожарот е зафатена нискостеблеста шума. Во гаснењето на пожарот интервенираат од ШС Шар од Гостивар.
Струмички регион
Во Струмичкиот регион активни се 4 пожари на мало растојание помеѓу с. Бајково – с.Бадилен над с.Ново Коњарево, општина Струмица. На терен се излезени од ШС Беласица, ЈПКД Комуна Ново Село, од ТППЕ Струмица како и вработени од шумска и гранична полиција.
Охридски регион
Пожарот кој започна на ден 28.01.2019 година во атар на с.Рамне, општина Македонски Брод е ставен под контрола. Во негово гаснење интервенираат од ШС„Сандански„“ од Македонски Брод, од ЕЛС – Македонски Брод и од месното население.
Во општина Струга активен е пожар атарот на с. Октиси и Белица.
Започнат е нов пожар над с.Рамне во близина на фабриката Сувенир. Со пожарот загрозена е фабриката Сувенир во Македонски Брод. ТППЕ Македонски брод се на терен и известени се ДЗС од каде е побарана интервенција од воздух.
Велешки регион
Пожарот кој започна на ден 29.03.2019 година во с.Црешнево е ставен под контрола. Во гаснењето на пожарот интервенираат од месното население кои го контролираат теренот.
Пожарот кој започна на ден 30.03.2019 година во атарот на с.Мокрени е сеуште активен во два правци. Едниот према с.Габровник и еден према с. Богомила. На терен интервенираат од ШС Бабуна од Велес.
Пожарот кој започна вчера северозападно од с.Ореше е исто така сеуште активен, а интервенираат од ШС Бабуна од Велес.
Штипски регион
Пожарот кој започна на ден 29.03.2019 година во с.Владимириво, општина Берово е делумно ставен под контрола. На терен се од ШС Малешево од Берово и луѓе од месното население кои работат на негово локализирање.
Пожарот кој започна на ден 30.03.2019 година во атарот на село Пресека, општина Кочани во непосредна близина на манастирот Св. Богородица е под контрола. Со пожарот е зафатена борова шума. На пожарот интервенираат од ШС од Кочани, ТППЕ Кочани, МВР ПС Кочани, КЈП Водовод и ЕЛС Кочани.
Кумановски регион
Нов пожар има во атар на с.Колицко. Со пожарот е зафатена нискостеблеста дабова шума. Во гаснењето на пожарот интервенирале од ШС Куманово.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.