Во моментов има голем дефект кај универзалниот снабдувач со електрична енергија ЕВН.
Овој дефект остави големи делови од градот без електрична енергија. Како што дознаваме без струја е голем дел од општина Ѓорче Петров како и дел од соседните населби.
Без електрична енергија се и делови од Кисела Вода, Центар и Аеродром.
Особено е проблематично што температурите во Скопје се пониски во споредба со останатите денови, а се очекува дополнително да паѓаат со ноќта, а најголем дел од градот се загрева токму со електрична енергија.
На дефектот како што дознаваме ќе се работи во наредниот час, а овие делови од градот и натаму ќе бидат без електрична енергија.