ГОЛЕМ НАПАД НА ОДЕСА: Русите напаѓаат со дронови, градот во пламен! (ВИДЕО)

Одеса гори. Руски беспилотни летала напаѓаат цивилни цели во градот, предизвикувајќи повреди, изјави Андриј Јермак, началникот на кабинетот на украинскиот претседател.

Русија вечерва силно ја нападна Одеса. Оштетена е цивилна инфраструктура, вклучително и станбен облакодер, трговски центар и продавници.

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак изјави дека руски беспилотни летала го нападнале пристаништето Одеса во областа Одеса во југозападна Украина, пренесува Sky News.

Според последните информации, повредени се три лица, меѓу кои и една млада девојка.

– Како последица на рускиот напад избувнаа силни пожари на три локации. „Ги повикувам жителите да останат дома бидејќи не е јасно дали нападот е завршен“, изјави шефот на регионот, Олег Кипер.

„Одеса гори. Руски беспилотни летала напаѓаат цивилни цели во градот, има повредени“, рече Јермак.

Засега не е познато колку луѓе се повредени.

– Руските сили спроведоа нова тактика за напад: беспилотните летала чекаат на море и се собираат во „стадо“ пред да влезат во градот на надморска височина од повеќе од 2.000 метри – пишува на социјалната мрежа „Х“

Пронајдете не на следниве мрежи: