На социјалните мрежи се појавија фотографии од пожар во Битола. Според официјалните информации од ЦУК гори големо стршниште покрај реката Црна.
-Гори големо стрниште, екипите на ТППЕ Битола се на лице место, нема никаква опасност. Огнот од стрништето се пренел и на трската и останатата вегетација покрај реката Црна поради што е видлив од далеку. Гаснењето е отежнато поради калливиот терен покрај реката Црна. Нема опасност по населени места. ТППЕ Битола се обидува да го изгасне, велат од ЦУК.