Голем пожар во зграда во Чаир, евакуирани повеќе од 60 на станари, има повредени

Пожар во скопски Чаир, истиот започнал во подрумските простории на зградата на ул. Прохор Пчински. Илјада метри квадратни опожарен простор, кој служел како магацин и во истиот се складирале залихи на скопска продавница.
Пожарот избувнал во 02ч после полноќ. Случајот бил пријавен и во МВР.
„Поради вдишување на чад, до 6.30ч во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување помош се јавиле неколку лица, од кои еден пожарникар и полициски службеник. Во 6.30ч од кровот на зградата биле симнати повеќе станари и ниту еден од нив немал повреди.“ – Гоце Андреевски портпарол во МВР.
Екипите на противпожарната бригада веднаш излегле на терен. Според информациите биле евакуирани околу стотина лица.
„Делумно е ставен под контрола во подрумската просторија. Се соочуваме со доста висока температура, како што кажав станува збор за подземна просторија. Опожарена површина е неколку илјади квадрати.“ – Звонко Томевски командир на Бригадата за противпожарна заштита.
Дел од станарите велат дека имало густ чад и она што е најстрашно е дека пожарот започнал во сред ноќ, додека тие спиеле.
„Излегов од станот, малку дим имаше. Кога се симнав на третиот кат, имаше малку повеќе. Веќе на вториот кат почнав да се гушам. Ми текна дека назад има повеќе воздух и се вратив дома. Жена ми се јави кај комшиката и кажа да ставиме влажни крпи и симнете се надолу. Се симнавме долу и друго што се случило, не знам.“
Триесетина возрасни станари од заградата побарале лекарска помош поради големото количество чад, петнаесет мажи и петнаесет жени. Здравствената состојба им се подобрува.
„Добар дел од пациентите, не носеа документи со нив, затоа што итно се донесени кај нас и затоа не знам точна возраст на најмладиот и највозрасниот пациент. Од тие 30 пациенти кои ние ги прегледавме, 4пациенти кои имаа потешка клиничка слика и повозрасни, се задржани на одделот за интензивна нега и лекување за понатамошен третман. Другите 23 пациенти се опсервирани во дневна болница, примаат терапија, некои се пуштени дома заради подобрената општа состојба.“ – проф. д-р Андон Чибишев директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за токсикологија.
Додека пак на Детската клиника биле донесени 12 деца. Најмалото на петмесечна, а најголемото на 11 годишна возраст. Од клиниката велат дека сите имале симптоми на труење со чад. Две деца се задржани на клиниката, останатите 10 на барање на родителите биле пуштени дома.
„Сите деца беа стабилни, свесни, во стабилна општа состојба. Три од нив беа поуморни, во смисла ненаспани. Меѓутоа во однос на виталните параметри и мониторингот  што го направивме сите знаци беа во рамките на нормални врдности.“ – д-р Реџеп Мемеди директор на Детска клиника.
Во гаснењето на пожарот интервенирале 20 пожарникари и седум противпожарни возила. При интервенцијата еден пожарникар и еден полициски службеник биле однесени на клиника, поради вдишано големо количество чад.

Пронајдете не на следниве мрежи: