четврток, 12 ноември 2026
Најново

Голем пожар во Штип, Јорданов побара помош од други градови

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Голем пожар вечерва избувна над Штип и се прошири над штипските гробишта. Побарана е помош од Свети Николе, Кавадарци и Кочани.
Градоначалникот Иван Јорданов на вонредна прес-конференција информираше дека нема место за паника и се користат сите сили за гаснење на пожарот.

Јорданов рече дека е во контакт и со Дирекцијата за заштита и спасување и со Центарот за управување со кризи и дека целта е да се направи појас за пожарот да не се шири.
Пожарот, според првичните информации, најверојатно е предизвикан од гром.

Поврзани вести