Голем пожар на отворено избувна денеска близу археолошкиот локалитет „Исарот“, веднаш над селото Марвинци во Општина Валандово. Постои опасност да се прошири кон селото, а во близина на пожарот има штали.
Како што информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК), пожарот зафатил сува трева и прнар, на терен го гаснат три против пожарни возила и 8 пожарникари, а на помош се повикани и пожарникари од ТППЕ Гевгелија со едно против пожарно возило.
Според информацијата од градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, пожарот е пренасочен и пожарникарите не дозволуваат да се прошири кон селото Марвинци.
Инаку, на територијата на Општина Валандово има уште еден активен пожар во селото Чалаклија, а вчера имало пожар меѓу селата Пирава и Јосифово.