Лос Анџелес Клиперс тесно ги совладаа Кливленд Кавалирс со 120:118, а јунак на мечот беше Пол Џорџ, кој дури 23 од своите 39 поени ги постигна во последната четвртина. Клиперси славеа и покрај тоа што се вратија од негатива од 26 поени за третата најголема победа со пресврт во историјата на франшизата.
Тоа беше натпревар во кој гостите водеа поголемиот дел од играта. На стартот на вториот дел имаа 21 разлика (80:59), а на почетокот на третото големи +26 (89-63). Клиперси се вратија во живот со серија од 18:3, на 1,15 пред крајот на натпреварот успеаја да израмнат (115:115), а на 46 секунди до крајот на натпреварот поведоа со 118:115.
Откако гостите израмнија на 118:118, Пол Џорџ постигна кош за 120:118 на седум секунди до крајот, а потоа го блокираше Дариус Гарланд во следниот напад за 50-та победа на Клиперс сезонава, која ги одржува на четвртото место на Западот, додека Кавс се петти на Истокот со скор 46-33.
Џорџ натпреварот го заврши со 39 поени, 11 скока и седум асистенции. Џејмс Харден додаде 22 поени, а Теренс Ман 14 поени. Кај Кавси најефикасни беа Гарланд со 28 поени и осум асистенции, Еван Мобли со 20 поени и шест скока и Макс Струс со 20 поени и девет асистенции.
Успешни беа и Њујорк Никс кои на гости го совладаа Милвоки Бакс со 122:109. И на овој натпревар имаше пресврт. Во третата четвртина Бакс имаа десет поени разлика (66:56), сепак гостите до крајот на четвртината го свртеа резултатот во своја полза (89:85), а потоа во последниот дел побегнаа на +16. На крајот дуелот заврши 122:109.
Џејлен Брунсон ги предводеше гостите до победата со 43 поени, шест скока и осум асистенции. Брансон уште еднаш беше одличен против Бакс, против кои имаше просек од 37,2 поени во пет натпревари оваа сезона. Донте ДиВинченцо додаде 26 поени, додека Бојан Богдановиќ постигнува 15 поени. Кај Бакс, кои го забележаа четвртиот последователен пораз, најефикасни беа Јанис Адетокумбо со 28 поени, 15 скока и осум асистенции, Боби Портис со 24 поени и Демијан Лилард со 23 поени и шест асистенции. Бакс се втори на Истокот (47-31), а Никс четврти (46-32).
Голден Стејт Вориорс ги победија Јута Џез со 118:110. Откако Хјустон загуби од Далас, Вориорс уште пред нивниот натпревар знаеја дека обезбедија место во плеј-ин. Домашниот тим веќе имаше 13 поени (41:28) по првата четвртина, а во преостанатиот дел од мечот победата на Вориорс не доаѓаше во предвид.
Стивен Кари доби одмор, па го „повлече“ Клеј Томпсон со 32 поени, Џонатан Куминга постигна 21 поен, а Брандин Поџиемски заврши со 16 поени, седум скока и шест асистенции. Јута ја предводеа Џони Јузанг со 27 поени и Кејонте Џорџ со 25 поени.
Во најинтересниот меч на вечерта, Филаделфија 76ерс ги совладаа Сан Антонио Спарс на гости по две продолженија со 133:126. Тоа беше интересен натпревар во кој двете страни можеа да победат. Гостите поведоа со 109:108 на девет секунди до крајот на мечот со „тројката“ на Николас Батум, но на 2,1 секунда пред крајот Џулијан Чејмпањи одговори со „тројка“ за водство на Спарс од 111:109. Се чинеше дека домаќините ќе слават, но Тајрис Макси израмни на 0,2 секунди пред крајот, носејќи го мечот во продолжение. Во првото продолжение Виктор Вембањама имаше шут за победа на домашните, но промаши, па мечот отиде во ново продолжение. Во вториот екстра период гостите поведоа со 131:126, а потоа славјето го потврдија со уште еден кош 133:126.
Сиксерс беа предводени од одличниот Тајрис Макси со рекордни во кариерата 52 поени, пет скока и седум асистенции, додека Кели Оубре впиша 26 поени и 8 скока. Кај Спарс, Вембањама го заврши мечот со 33 поени, 18 скока и шест асистенции, а Малаки Бранхам додаде 22 поени. Филаделфија е седма на Истокот (44-35), а Спарс се последни на Западот (19-59).
Продолжението ги реши и дуелот меѓу Далас Маверикс и Хјустон Рокетс, на крајот Далас победи со 147:136.
Кајри Ирвинг постигна 48 поени, додека Лука Дончиќ имаше 37 поени, 12 асистенции и девет скока за Маверикс, кои направија уште еден чекор кон петтиот носител во плеј-офот на Западната конференција. Кај Хјустон најефикасен беше Дилон Брукс со 29, а Фред ВанВлерт со 24 коша и 12 асистенции.