Руските сили изведоа голем воздушен напад врз Украина во текот на изминатата ноќ и утрово, предизвикувајќи експлозии во неколку области на таа земја.Киев Индипендент објави дека рано утринава украинските воздухопловни сили објавиле воздушен аларм за целата земја, вклучувајќи ги и крајните западни региони, поради заканата од руски ракети, беспилотни летала, бомбардери Ту-95МС, а подоцна и балистички ракети Кинжал.Серхиј Борзов, гувернер на областа Виница, изјави дека руските сили удриле во станбени згради во областа и раниле три лица.
Во нападот е погодена станбена зграда – објави Борзов во 4:23 часот по локално време.
Тој изјави дека и други жители се ранети и евакуирани од зградата, а од Државната служба за вонредни состојби изјавија дека цел на нападот бил градот Жмеринка и дека се оштетени неколку згради.
⚡️ 12 MISSILES AND 31 ATTACK UAVS WERE BROKEN DOWN➖➖➖➖➖➖➖➖➖On the night of May 26, 2024, the Russian occupiers launched a missile-air strike against Ukraine using 14 air-launched missiles and more than three dozen attack UAVs, in particular:– 2 Kh-47M2 “#Kinzhal”… pic.twitter.com/mVs2EQr7vF— John Spectator (@johnspectator) May 26, 2024
Полска објави дека подигнала борбени авиони за да ја обезбеди безбедноста на воздушниот простор на базата на таа земја која е членка на НАТО во моментот на рускиот напад врз Украина.Украинските медиуми јавија дека жителите на Старокостијантинов во областа Хмелницки останале без струја како резултат на нападот.Еден ден претходно, најмалку 12 лица беа убиени во трговски центар во Харков
Во тој напад загинаа најмалку 12 лица, а 43 се ранети.