Голем удар за Швеѓаните – без капитенот во битката за медали на СП!

Селекцијата на Шведска без поголеми проблеми ја мина четвртфиналната пречка наречена Египет (26-22) се пласира меѓу четирите најдобри на СП 2023, каде што, сепак, ќе се соочи со голем проблем.

Причина за тоа е повредата на капитенот Џим Готфридсен, кој го напушти синоќешниот дуел уште во првото полувреме. Денешните детални лекарски прегледи утврдиле скршеница на левата рака, поради што ќе паузира најмалку во следните два месеци.

„Заглавив во дресот на противникот и почувствував ужасна болка. Фрустрирачки е бидејќи чувствувам дека и тимот и јас одигравме навистина добар турнир. Сонував да го играм финалето на СП на домашен терен, но тоа нема да се случи“, изјави Готфридсон.

Пронајдете не на следниве мрежи: