Голман исклучен поради удирање соиграч

Голманот на бугарскиот фудбалски прволигаш Пирин Гоце Делчев, 29-годишниот Абди Абдиков е исклучен во дуелот против Черно Море од Варна откако кон средината на првото полувреме со тупаница го удрил својот соиграч Атанас Фиданин

 Инцидентот се случи во 28-та минута од мечот кога судијата Димитар Андреев ја прекина играта за играчите поради голема жега да се освежат со вода. Абдиков го искористил прекинот за вербално да го нападне својот бек, а потоа го удрил со тупаница во главата. Судијата веднаш му покажал црвен картон.
„Не ми е јасно како Абдиков можеше да стори таква глупост. За неговиот потег нема оправдување. Се пориме за прволигашки спас, игравме против директен ривал, а тогаш се случи таква глупост”, изјави тренерот на Пирин, Тенчо Тенев.
Раководството на клубот најави казна за Абдиков, а нервозниот голман го очекува и суспендирање на најмалку три меч од Бугарскиот фудбалски сојуз.
Мечот на крајот заврши со победа на Черно Море со 5:1. Шест кола пред крајот на првенството, Пирин Гоце Делчев се наоѓа на 10-то место, три места пред зоната за испаѓање.
Макфакс
Голманот на бугарскиот фудбалски прволигаш Пирин Гоце Делчев, 29-годишниот Абди Абдиков е исклучен во дуелот против Че

Пронајдете не на следниве мрежи: