Фудбалската селекција на Србија го впиша првиот бод на Европското првенство во Германија, откако во балканското дерби со Словенија се спаси од пораз во 95 минута и со тоа остана во игра за пласман во осминафиналето (1-1).
До крајот на средбата „орлите“ имаа иницијатива, со сите сили бркаа израмнување, а тоа дојде длабоко во судиското надополнување. Се играше 95. минута, кога Србија изведуваше корнер, а и Рајковиќ се појави во казнениот простор на Словенија. Илиќ испрати незгоден центаршут кој помина низ многу главни, но Јовиќ се најде на вистинско место и со прекрасен удар со глава погоди за конечни 1-1.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.