Изминаа првите сто денови од мандатите на новите градоначалници. Секој си кажува што сработил. Тоа го направи и новиот градоначалник на скопската општина Центар, Андреј Жерновски. Искрено, попушачко интервју не сум прочитал. Главниот урденик на „Вест“, Горан Михајловски, го уредил ептен по мерак на опозицијата. Не за друго, колку да се знае неговата новинарска „независност и објективност“.
А, што навистина сработи Андреј во првите сто дена, освен што им ги намали платите на сите хонорарци по градинките и училиштата во општина Центар и тоа дури за половина, со изговор дека општинската каса има само толку да ги плаќа? Добра финта му е тоа, демек еве не ве бркам од работа, ама можам да ве плаќам не повеќе од 4.500 денари. Е мој Андреј и твоето семејство ли добиваше толку плата сите овие години во „Скопски водовод“?
Или кој лик му е новоназначениот директор на претпријатието „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ)? Или, пак за заедничките планови со првиот братучед на бившиот премиер и осуденик во скопскиот Основен суд, Владо Бучковски, да си купи камион-пајак кој потоа ќе работи за ПОЦ?
Токму тоа се реално сработените нешта во првите сто дена владеење на Жерновски, а пардон и бандерата на самиот старт. Се извинувам за малку ќе ја заборавев. Останатото му е се на „ќе“.
Вакви прашања Жерновски не доби, не му одговараат, по се’ изгледа не биле договорени со „независниот и објективен“ Горан Михајловски.
Интервју, од типот еве повелете кажете си се’ што ви одговара, а ние ќе објавиме. Еднаш да го „боцнеше“ (мислам со прашање, да не бидам сфатен погрешно) за интересна тема.
А, Жерновски сирот не може да излезе во јавност, а да не истресе зелена. Така и во интервјуво. Тој секогаш велел дека требале да се прашаат жителите на центар за проектот „Скопје2014“. Види мајката. А, што мисли зошто проектот се вика „Скопје 2014“? Зошто на пример не се вика „Центар 2014“? Размисли малку Жерновски зошто е тоа така.
Михајловски своите либерални ставови за слободна сексуална ориентација очигледно ги пресликува во новинарството. Токму ова интервју е доказ. Сака да седи на две столчиња, нешто слично како бисексуалците, со едни на еден начин, а со други на друг начин.
И толку.
Нема сега многу да пишувам против Горан Михајловски. Едноставно страв ми е. Човекот има силен телохранител. Фаќа веднаш за гуша. Како питбул е. Поготово кога е под дејство на алкохол. Не бира место и време, ниту пак го интересира кој се е пристуен во моментот.
Тоа е неговата сопруга. Опасна е.
Кај нив дома се знае добро кој е газда во куќа, или поточно кој е маж во куќа.
автор: Дејан Николовски / НетпресИзминаа првите сто денови од мандатите на новите градоначалници. Секој си кажува што сработил. Тоа го направи и новиот