После цели седум години од разводот кој беше прилицно медиумски неинтересен, се чини дека кај некогашната брачна двојка Алачки се распалија искри на нетрпеливост.
Тоа го потврди лично познатиот композитор, испраќајки јавно соопштение до сите медиуми во кое децидно го нагласи следното:
“Презимето АЛАЧКИ не смее никој да го злоупотребува. Време е медиумите да не го употребуваат моето презиме конектирано со мојата бивша сопруга која го користи мојот бренд за медиумска популарност, моето презиме. Нејзиното презиме е Атанасовска. Инаку таа никогаш не била АЛАЧКИ туку АЛАЧКА во сите исправи и во пасош”…Ви благодарам!