Горан Пандев ќе добие труба

Најдобриот македонски фудбалер во историјата Горан Пандев, со чиј погодок вчера Македонија обезбеди пласма ЕП по триумфот над Грузија ќе добие труба од македонскиот музичар Џамбо Агушев, кој исто така по потекло е од Струмица.


Агушев денеска од Пандев го доби како подарок дресот кој нашиот капитен го носеше на историскиот натпревар. По ваквиот убав гест на Пандев, навивачите побараа за возврат музичарот да му ја даде трубата на капитенот.
-E саа Џамбо да е фер и да му даде трубата на Гочето, напиша Димитар Стоилков на социјалните мрежи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.