Најдобриот тенисер во историјата на тенисот го потврди својот доминантен статус! Новак Ѓоковиќ ја започна 378-та недела на чело на АТП листата и со тоа го собори рекордот на легендарната Германка Стефани Граф, која седум дена помалку беше најдобра на ВТА листата. Поради ова достигнување на српскиот тенисер, многумина сметаат дека статусот „Гоат“ е „запечатен“, а се огласи и неговата сопруга Јелена.
Сопругата на најдобриот српски спортист на својот Инстаграм профил објави краток клип од заеднички танц. Новак и Јелена уживаат во лесен ритам, потпевнувајќи ги текстовите, го слават еден од најголемите подвизи во величествената кариера на човек со 378 недели на врвот на ВТА! Јелена со видеото порача:
„Со гордост ја славиме тениската љубовна афера на Новак за која зборува цел свет – а жената не се лути, хаха. Новак е најдобриот тенисер во светот најдолго во историјата на тенисот“, напиша Јелена на Инстаграм, со песната „The Best“ од легендарната Тина Тарнер.