И
покрај едно од најголемите намалување на малопродажните цени на горивата во последните години кое се случи во понеделникот благиот раст на цените во последните 3 дена, нафтата и натаму е на ниво кое ни гарантира ново намалување на цените. Очекуваме тоа да се случи на 26 ноември кога Регулаторната комисија ќе ја прави новата корекција.
Во моментов барел нафта од типот “брент” на берзата во Лондон се продава за 67,5 долари, што е за нешто помалку од 5 долари поевтино од просечната цена врз основа на која Регулаторната комисија за енергетика во понеделникот ги формираше малопродажните цени. Најниска цената беше во вторникот, кога за само еден ден се спушти за цели 5 долари по барел до нивото од 65,5 долари. Од среда до денес нафтата поскапе за околу 2 долари, но тоа и натаму е цена под просекот која гарантира пониски цени на горивата во малопродажба.
Пронајдете не на следниве мрежи:



