Гори куќа во скопската населба Тафталиџе

Пожар утринава изби во куќа на улицата “Будимпештанска“ бр.31 во скопската населба Тафталиџе, јавува МИА.
Од Противпожарната бригада на Град Скопје за МИА изјавија дека интервенираат со пет возила и 10 пожарникари. Пожарот кај нив е пријавен во осум часот.
Засега не се знае причината за пожарот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.