Денес, во 16:20 часот, избувна голем шумски пожар на планината Беласица, над селото Смоларе. Пожарот зафатил голема површина со разнолика шума.
Командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, потврди дека пожарот е ставен под контрола. На терен работат две противпожарни возила и шест пожарникари, во соработка со „Национални шуми“.
Според локалните жители, пожарот избувнал на три различни места и брзо се проширил. Утре се очекува дополнителна помош од вработени од „Национални шуми“, а доколку биде потребно, ќе се испратат и други екипи.