ГОРИ РУСКА БАЗА НА БОМБАРДЕРИ, НАЈГОЛЕМ УДАР ОД ПОЧЕТОКОТ НА ВОЈНАТА! Украина со ДРОНОВИ нападна град оддалечен повеќе од 600 километри од границата, еве што беше погодено (ФОТОГРАФИИ, ВИДЕО)

Руските власти објавија дека градовите Саратов и Енгелс, во областа каде што се наоѓа голема воена база на стратешки бомбардери, биле погодени од најголемиот напад со беспилотни летала од почетокот на целосната инвазија на Москва на Украина пред три години.

„Киев пост“ објави дека Енгелс е дом на стратешките бомбардери со долг дострел Ту-160 и Ту-95МС, кои се користат за напади во Украина.

Воениот аеродром на кој се наоѓаат е на 614 километри од украинската граница.

Роман Бурсагин, гувернерот на Саратовската област, потврди на Телеграма дека нападот се случил и рече дека екипите за итни случаи постојано се на терен за да ја проценат штетата.

Се вели дека властите прават увид на штетите во цивилните области и подготвуваат одговор.

Пожар избувна на пистата на аеродромот Енгелс, што предизвика итна евакуација на блиската рурална област.

– Од безбедносни причини поради пожар на аеродромот се евакуираат жителите на фармата. Сите служби за итни случаи се на терен – рече Бурсагин.

Телеграмскиот канал Астра објави дека секундарни детонации се слушнале и во околината на аеродромот.

Според податоците на украинскиот ОСИНТ, беспилотни летала погодиле складиште за муниција.

Бурсагин рече дека во нападот биле оштетени околу 30 куќи во Енгелс, како и болница, две градинки и училиште.

Локалните медиуми објавија снимка од скршени прозорци на главната болница во Енгелс.

Две лица се повредени, меѓу кои и една жена која таму била на лекување.

Министерството за одбрана во Москва соопшти дека синоќа над руска територија биле соборени 132 украински беспилотни летала, а во нападите се повредени најмалку две лица.

Во Саратовската област, на околу 700 километри југоисточно од Москва, пресретнати се 54 беспилотни летала, а во соседната област Воронеж пресретнати се 40 беспилотни летала“, се вели во соопштението на руското министерство.

Пронајдете не на следниве мрежи: