Голем шумски пожар изби околу шест часот утрово на вториот крак на Халкидики, во областа Сарти – Ситонија. Силниот ветер само придонесе за огнените јазици брзо да се прошират. Како што јави дописничката на МИА од Атина во гаснењето на пожарот учествуваат 60 пожарникари со 30 возила, три екипи од пешадија и четири авиони.
Гова шума, а силниот ветер дополнително го отежнува справувањето со огнените јазици. Според локалните медиуми, пошироката област каде што изби пожарот, е покриена со чад, а во Сарти има прекин на електрична енергија и на мрежата на мобилните оператори. За сега, според истите информации пожарот е далеку од населените места.
Пронајдете не на следниве мрежи:



