Гостиварец ја натепал невенчаната сопруга,

29-годишен жител на Гостивар доби кривична пријава за семејно насилство, откако според полицијата, физички ја нападнал и ја повредил невенчаната сопруга, соопшти МВР.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 29-годишниот Ф.Н. од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ при семејно насилство. На 21.05.2024, пријавениот физички ја нападнал неговата вонбрачна сопруга“, се вели во полициското соопштение.

Пронајдете не на следниве мрежи: