Девет торбички со поклони кои гостите на венчавката на принцот Хари и Меган Маркл ги добија за спомен се најдоа на интернет аукција на сајтот И-беј.
Некои веќе ја надминаа цената од 1.000 фунти, односно 1.100 евра, пренесува Би-Би-Си.
Сите гости повикани на венчавката во замокот Виндзор, кои останаа надвор од капелата добија поклони, Вкупно беа поделени 2.640.
Меѓу поклоните и сувенирите кои имаше и шишенца со вода, чоколадни пари, магнет за фрижидер, беџ и ваучер за продавница за поклони во замокот Виндзор.
Меѓутоа, 600 госит кои присуствуваа на церемонијата во капелата, меѓу кои беа и познати личности како Дејвид и Викторија Бекам, Опра Винфри и Џорџ и Амал Клуни, кои не ги добија овие торбички.