Готвачката Кетлин Ешмор на ТикТок го споделила својот трик за лупење тврдо варени јајца без напор и открила дека со варење на пареа, протеините од белките се намалуваат, повлекувајќи се од мембраната на лушпата што помага при лупење.
Бидејќи на многумина им се случило отстранувањето на лушпата од тврдо варено јајце да трае подолго од самото јадење, готвачката решила да сподели трик кој ќе ви заштеди време.
Искусната готвачка Кетлин Ешмор од САД го споделила својот едноставен совет за подготовка на варени јајца на ТикТок.
Според она што го навела во видеото на споменатата социјална мрежа – нејзиниот трик ќе помогне лушпата да се „лизне“ веднаш откако ќе се свари јајцето.
Кетлин објаснила дека едноставниот одговор за добивање варени јајца кои лесно се лупат е пареата, а не водата.
Во описот на краткото видео, таа објаснила дека „жешката пареа прави протеините од белката од јајцето да се собираат, повлекувајќи се од мембраната на лушпата“.
Таа додала дека од 12 до 14 минути се доволни за вашите јајца да бидат тврдо варени.
Трикот се покажал како многу популарен меѓу корисниците на социјалните мрежи.