Го доеше бебето на модната писта додека рекламира бикини

Мара Мартин беше вистинска сензација на ревијата на Sports Illustrated на модната недела во Мајами.
32-годишната манекенка ја доеше својата 5-месечна ќеркичка додека дефилираше во бикини на пистата пред бројната публика.


Овој потег привлече бројни позитивни, но и негативни коментари.
–Не можам да поверувам дека се разбудив и видов насловни страници со мене и мојата ќерка на нив, за нешто што го правам секој ден, напиша Мара на Instagram, опишувајќи дека доењето е дел од нејзиното секојдневие.

Ова се дел од позитивните коментари:
„Ни требаат повеќе жени како тебе. Повеќе вакви жени кои ќе му покажат на светот што е мајчинство, што значи да доиш бебе.“
„Ти си навистина прекрасна мајка и тоа што го направи на пистата е инспиративно и реално.“

Еве ги и негативните:
„Ти само сакаш внимание. Кутро бебе со мајка која мисли само на сопствената слава, а не на своето дете.“
„Па, таа го изгладнуваше своето бебе за тоа да цица на писта, само за публицитет. Не ми е гајле за доење во јавност, само ми е жал за бебето. Ако мајките сакаат да ги дојат своите бебиња, можат да најдат тивок ќош, за доброто на бебето, и да ги нахранат. Не мора да ги вадат своите гради пред целиот свет.“

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.