понеделник, 23 ноември 2026
Најново

„Го доживувам како роднина од село“: По низата турбуленции, Ана откри во каков однос е со Раста

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

За врската на поранешната естрадна двојка Стефан Ѓуриќ Раста и Ана Николиќ се пишуваше од самиот почеток. Имаше многу турбуленции, расправии и смирување, а сега како што вели пејачката се како брат и сестра.

Нивната љубов започна на филмски начин, а така и заврши. Во брак ја добија ќерката Тара, а по разделбата излегоа сите валкани детали од нивната врска. Ана сега истакна дека поранешниот сопруг го гледа како роднина.
-Не можеме да бидеме љубовен пар. Раста сега го доживувам како, сега ќе изгледа дека навредувам, но го доживувам како некој роднина од село, како далечен роднина. Имаме таков однос, како брат и сестра, но маж и жена во никој случај, изјави Ана.

Поврзани вести