Го забрзува растот на косата и овозможува длабока хидратација: За што сè се користи алое верата и зошто треба сите да ја користиме

Растението кое е меѓународно познато како извор на благодети за организмот, алое верата, сега може да се користи во облик на креми, маски за коса и лице, напитоци…
Всушност, пазарот на убавина го направи ова растение основна состојка на многу козметички производи. Постојат цели колекции за нега на лице и тело со екстракти од алое вера.
Кои се придобивките од користењето на ова растение и како делува на кожата и телото?
Овозможува длабока хидратација
Алое верата му овозможува целосна хидратација на телото: еден од најефикасните и препорачани начини е преку напитоци.
Делува антибактериски
Еден од благодетите на алое верата се нејзините антибактериски и антивирусни својства. Всушност, алое верата делува како поттик за производство на нови ткива.
Делува антивоспалително
За намалување на прекумерната сувост на кожата како последица на надворешни фактори, алое верата се покажала како одличен сојузник. Што се однесува до изгорениците од сонце, оваа состојка е одличен лек, но не заборавајте дека секогаш се препорачува нанесување на крема со заштитен фактор.


Ја спречува појавата на првут
Првутот е непријатна состојба која погодува огромен број луѓе. За да му се спротивставите на првутот, алое верата е одличен лек. Како што вели Марфи Роуз, њујоршки дерматолог, со редовното користење на алое верата на кожата на главата значително се намалува појавата на првут.
Ја зајакнува косата
Со оглед на богатата содржина на витамини, минерали и аминокиселини, се покажало дека алое верата одлично влијае на растот на косата. Антиинфламаторното делување на растението го поттикнува растот на влакното, а производите како што се шампон или регенератор на база на алое вера во овој случај се многу корисни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.