Го закопале со куп пари: Побарал во гробот да му стават 60.000 долари за да го подмити Бога за своите гревови

Чарл Обонг (52) од Уганда побарал од сопругата да го погребе со колемо количество пари за да го подмити Господ за да му прости сите гревови.
Обонг работел како виш службеник во министерствата и со години собирал пари кои планирал буквално да ги понесе со себе во гроб.

Неговиот зет ја потврдил информацијата дека Чарл побарал од неговата жена да го погребе со приближно 60.000 долари. Парите имал намера да му ги даде на Господа во замена за простување на гревовите кои ги направил во текот на животот на земјата.
Чарлс долго имал проблеми со здравјето и последните денови од животот ги поминал планирајќи што и како ќе му каже на Бога кога ќе се сретнат на Судниот ден.
Погребан е на северот од Уганда, но неговиот спокој не траел долго со оглед на тоа дека гробот му го откопале набрзо по погребот и го ограбиле.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.