Го знаете ли вистинското значење на детската песна „Ринге, ринге, раја?“

Урбаната легенда која ја следи една од омилените детски песнички е морбидна. Кое дете не пеело „ринге, ринге, раја“ и не се вртело во круг со насмевка? Кога би знаеле што значи тоа можеби не би се ни смееле.
Детската песна „Ринге, ринге, раја“ со години е една од песните кои децата весело ја пеат, држејќи се за раце, и потскокнувајќи во круг. Потекнува од Лондон во Велика Британија каде што се пеела уште во 17-от век, поточно во 1665-та или 1666-та година кога црната чума ја покосила Англија. Според урбаната легенда, нејзиното значење всушност се поврзува со црната чума, која во тој град однела повеќе од 68000 животи.


На англиски песничката изгледа вака:
Ring-a-ring o’ roses,
A pocket full of posies,
A-tishoo! A-tishoo!
We all fall down.
Cows in the meadows
Eating buttercups
A-tishoo! A-tishoo!
We all jump up.
Во превод звучи вака:
Направи круг од ружи,
Џебовите наполни ги со цветови,
А-пчих! А-пчих!
Сите паѓаме.
Кравите на ливада
Јадат билки.
А-пчих! А-пчих!
Сите скокаме!


Ринг, на англиски јазик значи прстен или круг, а “ring of roses“, прстен од ружи кој ги означува првите симптоми на црната чума, црвените кругови на кожата.
Цветот од песната има посебно значење. Ружата ги симболизира симптомите од црната чума, џебовите полни со цветови се носеле како заштита од таа болест, а билките традиционално се користеле како лек против воспаление, температура, иритација на кожата… Праксата на носење на цветовите и нивното поставување околу заразените луѓе за заштита, опишано е во изразот „џебовите наполни ги со цветови“, а пепелта всушност е асоцијација на кивањето или имитацијата на звукот од кивањето на заразениот човек. Зборовите „сите паѓаме“, значеле смрт.
Првата строфа од песната всушност зборува за болеста и умирањето, а втората за лековите и оздравувањето, затоа што кравите на ливадата пасат од билките, а потоа сите скокаат.
Во подоцнежната верзија, наместо „А-пчих!“, се пеело „Ashes“, односно пепел, што некои сметале дека се однесува на потребата телата да се кремираат после смртта за да не се шири црната чума.
Англиските деца песната ја пееле и пееле исто онолку колку и нашите деца. Ќе се фателе за рака и ќе формирале круг околу едно дете и ќе ја пееле песничката. Најбавното дете, на крајот од песната ќе завршело на средината од кругот и ќе станело “ружа“. Детето во средината претставувало човек “заболен“ од црната чума и било изолирано од останатите деца. Подоцна тоа дете ќе бакнело друго дете, кое на тој начин ќе го “заразело“.
Но експертите кои се занимаваа со фолклорот, ја отфрлаат теоријата за поврзаноста на оваа песна со црната чума. Велат дека за тоа постојат повеќе причини, а една од нив е дека симптомите на црната чума не одговараат во целост со оние симптоми во песната.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.